сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 17
home Вести

Втор дел од исповеста на мајката на убиениот Пино: Ангела се` признала во полиција- ќе закопам само четири коски

Ангела дури 6 пати давала различни изјави во полиција, таа е девојка без морал и чувства раскажува во вториот дел од интервјуто за порталот Магазин, мајката на убиеното момче Пино.
Втор дел од исповеста на мајката на убиениот Пино: Ангела се` признала во полиција- ќе закопам само четири коски

Маја Трпковска, во вториот дел од разговорот за „Магазин“ откри дека неколку години од својот живот семејството го поминало во Романија.

Во Романија, Пино го завршил основното училиште и првата година од гимназиските денови. Таму ја запознал својата прва љубов, и кога се преселиле назад за Италија многу му било тешко.

Маја откри детали за убиството на Пино, а исто така и тоа дека осомничената Ангела Ѓорѓиевска давала дури 6 пати различен исказ во полиција.

Веднаш после исчезнувањето на Пино, во полиција ве пријави осомничената Ангела Ѓоргиевска? 

Веднаш од кога исчезна моето синче Пино, мене Ангела ме пријави во полиција, за да не можам јас повеќе ни да и се јавувам, ни да ја прашувам во врска со Пино. После третиот ден од кога исчезна мојот син, таа ме пријави без никаков морал и трошка срам, раскажува Маја Трпковска. Таа исто така бараше од мене, јас јавно да и се извинам.

Зборував со инспекторите во полиција, таа веќе има признаено дека учествувала во организацијата на убиството, но изјавила дека таа не пукала во Пино. Цело време ја лажеше полицијата, а и целото семејство на Пино. Имам пораки на месинџер каде што пишувала со другарите од Пино, каде што вели дека таа доброволно отишла на полиграф, а тоа секако дека не е вистина.

Велите дека ја раскажала целата вистина на полицијата, дали има сведоци за убиството?

Ангела се признала во полицијата, исто така и местото каде што е убиен. Таа признала дека Али Фуркан пукал и дека ова го направила од одмазда.

Да го убиеја и да го оставеа на лице место ќе го најдевме одма неговото тело, а не да закопам само четири коски, раскажува Маја.

Ангела била и на пракса за работа 1 месец, сакала да работи во едно онлајн казино. Маја прашува каков монструм човек треба да биде да сокрие човечко тело и 6 месеци да живее нормален живот.

Човек не сакајќи мачка ќе удри или куче, па ќе не може да спие, совеста го јаде, а не човек да убиеш и да си тераш мирен живот. Ова е страшно. Да беше таа некој психопат, не ќе можеше ова убиство да го испланира, затоа што психопатите кога тогаш се издаваат. А таа 15 дена пред да биде уапсена, бараше јас јавно да сум се извинила, затоа што сум плукала по нејзе. За љубомора не се зема човечки живот така лесно. Ќе го родиш како мал, ќе го учиш да биде културен, да слуша и почитува и на крај некој монструм ќе ти го убие.

Целото интервју со многу детали раскажани од мајката на убиениот Пино, прочитајте го на МАГАЗИН.