понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 55
home Вести

Врнежите што ја зафатија земјата немаат поголемо значење за земјоделските култури

Врнежите што ја зафатија земјата немаат поголемо значење за земјоделските култури

Врнежите што ја зафатија земјава, најавените ниски температури и очекувањата на првиот снег идната недела, немаат некое поголемо значење за земјоделските култури. Ваквите услови, велат агрометеоролозите, се вообичаени за крајот на ноември и почетокот на декември.

За овој период од годината единствено се препорачува подготовка на површините за подигање нови овошни насади со оглед дека влага во почвата има доволно.

-Исто така, високата релативна влажност во воздухот овозможува оптимални услови за примарната манипулација на тутунот во домашни услови, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, периодот без врнежи завршува, а со тоа и времето кое беше оптималното за изведување на есенската сеидба.

-Оптималните рокови за сеидба на есенска пченица се веќе одминати. Оваа недела веќе се променија временските услови, а наредната се очекува и провејување на првиот снег, најпрво на планините, а потоа и на пониските места, кога температурите во утринските часови ќе бидат со негативни вредности од -1 до -6 степени, додека дневните нема да надминат 11 или 12 степени, информираат од УХМР. (МИА)

Коронавирус