петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 155
home Вести

Врнежите од ДОЖД ќе преминат во СНЕГ- ова е временската прогноза на УХМР до петок

Врнежите од ДОЖД ќе преминат во СНЕГ- ова е временската прогноза на УХМР до петок

Во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Поради продор на студена воздушна маса утре ќе дува засилен северен ветер, а од изутрина врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места.

Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Во среда и четврток ќе настапи разведрување и утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.

Коронавирус