петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 197
home Вести

Врнежите недоволни, без наводнување можно губење на приносите

Врнежите недоволни, без наводнување можно губење на приносите

Влажниот бран што ја зафати земјава и пониските темпеартури, нема значително да ја променат состојбата со долготрајната суша во земјоделството. Според агрометеоролозите, недостигот на вода во почвата се чувствува насекаде, но посебно на удар се повеќегодишните насади – овошките и виновата лоза. суша ќе се одрази најмногу баш кај овие култури, со намален принос, а на некои парцели и со изгубен принос.

Загрозени се и останатите земјоделски култури, едногодишните, пролетните окопни, градинарски или индустриски култури, кај кои нема услови за наводнување. Сушата ќе се одрази најмногу токму кај нив, со намален принос, а на некои парцели и со изгубен принос.

Останува препораката земјоделците и во наредниот период да ги искористат сите можни капацитети за наводнување за да спасат дел од производството.

-Временските услови, со неколку степени пониски температури на воздухот во текот на изминатата седмица воопшто не ја сменија состојбата со долготрајната суша во земјоделското производство. Недостатокот на вода почвата се чувствува насекаде, а повремените врнежи воопшто не придонесоа за подобрување на состојбата, пред се заради малите количества и локалниот карактер. Остануваат загрозени сите земјоделски култури, како многугодишните видови – виновата лоза и овошките, така и сите останати едногодишни, пролетни окопни, градинарски или индустриски култури кај кои нема услови за наводнување. Негативниот резултат од ваквата суша ќе се одрази најмногу баш кај овие култури, со намален принос, а на некои парцели и со изгубен принос, велат агрометеоролозите.

Ваквите или слични временски услови ќе се задржат и во текот на наредната недела, со поумерени температури кои ќе достигнуваат најмногу 34 степени во јужните делови или околу 30 во останатите делови од земјава, со услови за повремена облачност.

Коронавирус