понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Врнежи од слаб снег на патот од Крива Паланка кон Деве Баир, влажни коловози на патиштата

Врнежи од слаб снег на патот од Крива Паланка кон Деве Баир, влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на патниот правец Крива Капалнка – ГП Деве Баир, каде има и остатоци од кашест снег на коловоз.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.