понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 87
home Вести

Врне снег на Шапка и во Маврово, густа магла на Плетвар и патот Тетово- Попова Шапка

Врне снег на Шапка и во Маврово, густа магла на Плетвар и патот Тетово- Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и во Маврово.

Поради појава на магла видливоста е намалена до 50м. на патниот правец Тетово- Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус