среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

Врие во СДСМ Бутел: Смилевски со негативен рејтинг, трка за кандидатска позиција

Врие во СДСМ Бутел: Смилевски со негативен рејтинг, трка за кандидатска позиција

Политичките партии веќе започнаа со детални анализи за тоа кои се најдобрите опции во трката за градоначалници на локалните избори кои треба да се одржат во октомври.

Станува збор за турбулентен период во политичка смила, но како што дознаваме во скопската општина Бутел состојбата е стигната до меѓупартиска точка на вриење.

Имено, најголемиот дел од членството на СДСМ во Бутел е незадоволно од работата на досегашниот градоначалник Велимир Смилевски. Членовите и активистите на СДСМ велат дека Смилевски за период од четири години нема реализирано ниту еден покрупен проект од својата предизборна програма.

Дополнително, ова е и една од причините според нашите извори, за големиот негативен рејтинг кој тој го има меѓу граѓаните на општината.

Членовите на СДСМ Бутел, поради негативниот рејтинг на Смилевски, се надеваат дека лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе предложи нов кандидат за градоначалник во оваа скопска општина за локалните избори.

Низ партиските кулоари на СДСМ во Бутел се почесто се споменува името на Коста Начевски кој е актуелен директор на градското претпријатие Дрисла и многу близок пријател со Петре Шилегов. Наводно Начевски отишол и чекор понатака па почнал да собира потписи за поддршка од страна на општинската организација на СДСМ во Бутел.

Исто така често се споменуваат и имињата на актуелната пратеничка на СДСМ Славјанка Петревска, како и поранешниот директор на улици и патишта Сенад Смајловиќ.

Се споменува и името на Ѓоко Котевски како поранешен претседател на СДСМ Бутел за кого велат дека се уште контролира голем дел од членовите на партијата во оваа општина, и секако поранешниот висок функционер на СДСМ Горан Минчев кој наводно исто така имал амбиции за кандидат за градоначалник. Неофицијално, Минчев наводно рекол дека доколку не биде кандидат за градоначалник на СДСМ на локалните избори ќе оди како независен.

Коронавирус