сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Врие полиција кај Собрание во пресрет на гласањето за двојазичност (ФОТО)

Врие полиција кај Собрание во пресрет на гласањето за двојазичност (ФОТО)

Големо полициско обезбедување е распоредено околу Собранието, неколку стотици граѓани ја блокираа улицата за да го изразат својот револт против намерата на пратениците да го изгласаат повторно Законот за јазици кој денеска е ставен на собраниска седница која треба да почне во 13 часот.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта да го почитува Деловникот на Собранието и предупредува дека законите донесени на незаконски начин се преседани кои во иднина може да станат правило.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека законот за јазиците треба да се повлече и да се дискутира, оценувајќи го како неуставен, неприменлив и со долгорочен ризик по кохезивноста во Македонија.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.