четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 115
home Вести

Врховниот суд ја потврди казната за зетот на Лиле Поповска

Лидерката на ДОМ попусти крена врева во јавноста, тврдејќи дека нејзиниот зет Перо Јосифовски бил жртва на политички прогон.
Врховниот суд ја потврди казната за зетот на Лиле Поповска

Врховниот суд на Република Македонија ги потврди казните кои во првостепена и второстепена постапка им беа пресудени на обвинетите од случајот од 2014 година, во јавноста познат како „Кражба во Музејот на Македонија“ во Скопје, дознава Судство.мк.

Меѓу лицата кои се осудени е и Перо Јосифовски, зет на пратеничката Лилјана Поповска, која пред неколку дена изјави дека била уцената за казната на времето од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Највисока казна од 8 години и 8 месеци за овој случај доби токму поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски.