петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Времето го згази долгонајавуваниот најавуваниот четврт сет на антикризни мерки на СДСМ

Времето го згази долгонајавуваниот најавуваниот четврт сет на антикризни мерки на СДСМ

Долго најавуваниот четврт сет на мерки од страна на Владата се со цел спречување и надминување на корона кризата остана уште едно нивно празно ветување. Имено ниту претходните три сета на антикризни мерки не дадоа никаков позитивен резултат, ниту кај компаниите, ниту кај граѓаните.

Четвртиот сет на антикризни мерки беше најавуван уште во предизборниот период од страна на Оливер Спасовски кој тогаш ја извршуваше функцијата технички премиер.

-Најавувам четврт сет на мерки и сите пензионери кои примаат пензија до 15.000 денари и неактивните баратели на работа, што се пријавиле на шест месеци, ќе добијат исто така домашна платена картичка, посочи Спасовски во интервју за ТВ Шутел.

За оваа проблематика апелираа компаниите бидејќи нема да имаат време да аплицираат за државна помош доколку Собранието не го донесе предлог-законот за финансиска помош за исплата на плати. Исто така се огласија и сметководителите кои побараа навреме да се носат законските решенија за стопанството да има доволно време да ги собере документите кои се потребни.

„Денеска сме 27 октомври, а законот за финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноeмври и за декември уште не е донесен. Пријавата за добивање на финансиска помош ќе треба да се поднесе најдоцна до 7 ноември, а за да може да се поднесе ќе треба да се направат и пресметки за оставрени приходи и да се обезбедат сите потребни документи“, рече Александра Андреева од Комора на сметководители.

Предлог-законот за финансиска поддршка за исплата на плати ќе се носи по скратена постапка во Собранието, но тој сеуште не е ставен на дневен ред. Овој закон е дел од четвртиот сет економски мерки наменет за компаниите. Помош ќе добиваат оние кои изминативе месеци имаат намалени приходи од 40 отсто или повеќе. Во зависност од падот на приходите, помошта ќе се движи од 14.500 до 21.770 денари по вработен.

Коронавирус