петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Времето денес сончево и топло- во сабота голем пресврт на времето, еве какво време не очекува во недела на Велигден

Времето денес сончево и топло- во сабота голем пресврт на времето, еве какво време не очекува во недела на Велигден

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтезивни во форма на невреме со изолирана појава на град.

Во недела на Велигден времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер.