сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 114
home Вести

Времето денес променливо облачно, за попладне се очекува пороен дожд и грмежи

Времето денес променливо облачно, за попладне се очекува пороен дожд и грмежи

Времето во земјава променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 25 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 22 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи ќе има во недела.

Коронавирус