четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

Времето целосно се менува: 38 степени па силно невреме

Времето целосно се менува: 38 степени па силно невреме

До вторник претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Од среда следи период на стабилно и суво време, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Прогноза на УХМР за денеска предвидува максимални температури во интервал од 29 до 38 степени, попладне облачноста ќе зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со краткотрајно засилување на ветерот и можна појава на град.

Максималните температури утре ќе се движат од 30 до 39 степени, во вторник од 29 до 37, а во наредните четири дена до 36 односно до 35 степени.