понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 54
home Вести

Временска за цела недела- особено нема да ви се допадне времето за споениот викенд

Временска за цела недела- особено нема да ви се допадне времето за споениот викенд

Минималните температури ќе се движат од од 6 до 13 степени, а максималната од 18 до 26 степени.

Во Скопје, утре времето ќе биде умерено облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во вторник ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а преодно стабилизирање ќе настапи во среда.

Потоа во четврток и во петок во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, велат од Управата за хидро-метеоролошки работи на Македонија.