понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Временска прогноза за следниве денови: Утре сончево, во четврток минусни температури

Временска прогноза за следниве денови: Утре сончево, во четврток минусни температури

Според најновите податоци од УХМР во текот на утрешниот ден ќе има сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Проследете ја и временската прогноза за деновите потоа:

Прогноза за 06.04.2021 – Минимална температура: 1°C до 7°С, Максимална температура: 12°C до 19°C.

Сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта од запад ќе се прошират врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 07.04.2021 – Минимална температура: 3°C до 8°C, Максимална температура: 6°C до 15°C.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините во северните делови со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 08.04.2021 – Минимална температура: -4°C до 3°C, Максимална температура: 7°C до 15°C.

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Коронавирус