четврток, 6. август 2020. Вести денес: 176
home Вести

Временска прогноза за следните денови: Викендот голема промена

Временска прогноза за следните денови: Викендот голема промена

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен до засилен ветер, од северен и северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Од утре следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.

За време на викендот ќе се случи промена во времето. Температурите нема да бидат високи насекаде. Локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.

Коронавирус