петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Временска прогноза за месец август за Македонија, но и за земјите од регионот

Временска прогноза за месец август за Македонија, но и за земјите од регионот

Според последно направените анализи околу временската состојба за месец Август за Македонија но и регионот укажуваат дека поголем дел од Грција, источната половина на нашата држава како и поголем дел од Бугарија но и во југоисточна Србија температурите на воздухот се очекува да бидат нешто под просекот, односно истите треба да бидат пониски а разлика од изминатите денови.

Во останатите места од Македонија температурите на воздухот би требало да се задржат околу просекот, односно истите треба да бидат типични за тој месец од годината. Барем засега многу се мали условите температурите на воздухот во текот на месец Август да се искачат над 40 степени.

Што се однесува до врнежите истите има услови да бидат малку под просекот но сепак да биде нормално количеството на воден талог за тој дел од годината. И покрај оваа ситуација сепак граѓаните можат слободно да си планираат каде ќе си заминат на одмор понатаму и да уживаат во летото.

Коронавирус