вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 60
home Вести

Време: Сончево и топло до 30 степени

Време: Сончево и топло до 30 степени

Времето во Република Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од четири до 14, а дневната од 21 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.