недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

Вработените во Управата за матично не земаат плата откако останаа без директор

Со сличен проблем се соочија и Државниот пазарен инспекторат, Комуналниот инспекторат и Градежниот инспекторат, каде што вработените повеќе од три месеци немаа земено плата откако првите луѓе на овие институции беа избрани за градоначалници, а нови не беа назначени.
Вработените во Управата за матично не земаат плата откако останаа без директор

Повеќе од петстотини вработените во Управата за водење матични книги не земаат плата, а постои опасност од застој во работата за издавање документи за граѓаните откако институцијата остана без директор. Нов сè уште не е назначен, а доскорешниот Ѓоко Котевски беше именуван за директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Од владата велат дека се свесни за проблемот и уверуваат дека наскоро ќе се најде решение, но не прецизираат кога, објави Макфакс.

– Знаете дека по изборите некои места се испразнија, некаде беа назначени нови, директорот доби нова функција, што значи оваа институција во моментов нема директор, но во идниот период ќе се реши, сè ќе продолжи според предвиденото и вработените ќе си ги добијат платите, истакна портпаролот на владата, Миле Бошњаковски.

Со сличен проблем се соочија и Државниот пазарен инспекторат, Комуналниот инспекторат и Градежниот инспекторат, каде што вработените повеќе од три месеци немаа земено плата откако првите луѓе на овие институции беа избрани за градоначалници, а нови не беа назначени, пишува Макфакс.

Коронавирус