сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 67
home Вести

Вработените во ОХИС на протест: „Целосно сме разочарани од средбата во владата, најавуваме жалба во Стразбур“ (ВИДЕО)

Вработените во ОХИС на протест: „Целосно сме разочарани од средбата во владата, најавуваме жалба во Стразбур“ (ВИДЕО)

Претставници на поранешни вработени во АД ОХИС кој е во стечај денеска во Владата на Република Македонија имаа средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ.

Претставниците од ОХИС велат дека целосно се разочарани од средбата во владата.

-Работниците конкретно во ОХИС АД и во сите негови друштва имаа не примено по 24 плати и требаше владата да ги покрие, а сега испаѓа дека од сите тие побарувања ќе се наплати зависно од друштвото, на пример за АД 1,6 проценти, за ОХИС Билјана 8 проценти и слично, што е нормално многу поразително за работниците кои што до сега патем немаа никакви информации што би можеле да очекуваат, вели Марија Анчева генералниот секретар на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

Таа додава дека понатаму ќе ги видат правните можности кои им стојат на располагање и дали правобранителот може да им помогне.

-Сумата која треба да ја земат работниците е од 100 денари, па до 12 илјади денари, тоа е смешно, за 24 плати кои ни ги должат некои да земат само по 100 денари, а некои и по 68 денари, тоа е смешна сума и што е најтрагично од таа сума што ОХИС е продаден наводно околу 7 милиони евра, а од тие пари само еден милион се дава за да се подмират сметките во ЕВН, комунална хигиена и платите, а другите шест милиони ги нема никаде, каде се тие пари? Прашуваат вработените од пропаднатата фабрика.

Тие велат дека тие пари се одработени, а сега некој сака да им ги земе, доколку не се реши проблемот со народниот правобранител најавуваат жалба во Стразбур.

Коронавирус