петок, 14. мај 2021. Вести денес: 32
home Вести

Вработените во кривичен обвинуваат за ширење кластер, од судот велат дека се почитуваат сите протоколи

Вработените во кривичен обвинуваат за ширење кластер, од судот велат дека се почитуваат сите протоколи

Откако на социјалните мрежи се појавија информации дека вработени во Кривичниот суд во Скопје не се заштитени на своите работни места и дека вирусот коси во судот, редакцијата на Курир постави прашање до Кривичниот суд кој денеска ни одговорија дека судот е прв кој ги промовирал протоколите за работа на судовите.

Имено на социјалните мрежи се појави статус во кој се вели дека вработените се преплашени од односот на 12 судии од судот кои се заразени со КОВИД-19 и одат на работа секој ден и се однесуваат какон ништо да не било.

-Вирусот го шират меѓу вработените, а претседателот на судот Иван Џолев нема решение за овој проблем, ниту има намера да го реши, вели еден од револтираните вработени со кои имав разговор пред малку…

Во статусот исто така се потенцира дека вработените во петокот кога се случуваа протести за случајот монструм Џолев не им дозволил да заминат дома туку ги оставил на милост и немилост на протестите кои секогаш се на работ на инциденти.

Од Кривичниот суд пак велат дека редовно се преземаат мерки за заштита на вработените, судиите и сите странки во постапките кои се водат во судот.

-Со оглед да Кривичниот суд Скопје е првиот суд во земјата која го промовираше Протоколот за работа на судовите во услови на Ковид- 19 и редовно известува за сите мерки и протоколи кои се преземени од страна на судот за заштита на вработените, судиите и сите странки во постапката кои се водат во Судот и со оглед да сите судии и вработени кои биле во контакт со заболени од Ковид – 19 или пројавиле симптоми, веднаш се изолирани и не доаѓаат на работа, па заради тоа на веб страната на судот секојденвно се објавуаат соопштенија за тоа кои судења се одлагаат заради изолација на член на судсчки совет, стои во нивниот одговор од судот.

Коронавирус