вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Вработените во ЈП за државни патишта оставени сами на себе: По намалување на платата, им го скратија и превозот

Вработените во ЈП за државни патишта оставени сами на себе: По намалување на платата, им го скратија и превозот

Вработените во Јавното претпријатие за државни патишта преживуваат вистинска голгота.

Прво се соочија со намалување на платите, а нивните претпоставени си играат и со бодовите кои тие ги остваруваат.

Дел од вработените ја контактираа редакцијата на КУРИР за да информираат за новиот проблем со кој сега се соочуваат.

Имено, откако им се укинаа и други работи, сега им е скратен и превозот. Раководството за новитетите ги информирале вработените со известување залепено на видно место, па немале време ниту еден состанок да одржат.

-Поради немање на превоз, сменоводителите и инкасантите да се организираат со сопствен превоз за доаѓање на работа десетина дена, се наведува во известувањето.

-Откако ни ги намалија платите и си играат со бодовите, сега ни го скинаа и превозот. Така, до Скопје од Велес треба да одам со сопствен превоз. Со ист проблем се соочуваат и колегите кои на работа треба да доаѓаат од Куманово или Глумово. За обезбедување на превоз, тие имаат законска обврска, но сега се случува катастрофа, истакнува нашиот соговорник, вработен во Јавното претпријатие за државни патишта.

Како што информираат вработените, во моментов меѓу нив владее голем револт, а состојбата ја опишуваат како катастрофална.

-Знаеме дека превозот нема да ни го вратат. Ние 20 години одиме на работа со организиран превоз, обезбеден од нивна страна. По 20 години, сега ни се укинуваат единствените поволности и права кои ги имавме, информира за КУРИР вработен во јавното претпријатие.

Коронавирус