сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Вработените во Еурокомпозит најавија протест со шатори пред Влада

Вработените во Еурокомпозит најавија протест со шатори пред Влада

„Се разгледува  можноста за системски решенија за трајно решавање на егзистенцијата на вработените во Еурокомпозит“. Речиси 8 месеци поминаа од кога Зоран Заев им го вети ова на синдикалните претставници на Еурокомпозит. Денес синдикатот најавува поставување на шатори пред Влада и протест, бидејќи во повеќе наврати се обиделе да ја контактираат Владата и да побараат решавање на нивната состојба. Тие велат дека се чувствуваат измамени и револтирани, поради игнорантскиот однос на државата кон 260-те вработени во компанијата.

-Сега сме решени да останеме во Скопје до конечно решавање на нашава фабрика. Или технолошки вишок нека ги испуштат сите или нека тргни фабрикава да работи бидејќи секоја плата ја земаме со застанување и со штрајкови, тоа повеќе не можеме да го издржиме, изјави Роберт Богдановски, претседателот на синдикалната организација на Еурокомпозит.

Во мај владата за да го прекинат штрајкот на вработените им вети дека 100 вработени веднаш ќе заминат како технолошки вишок, а за 3 месеца фирмата ќе се продаде на некој инвеститор. Откако ваквото ветување не се оствари, вработените во Еурокомпозит, штрајкуваат веќе трета недела по ред.

Вработените во фабриката се без плата речиси две години, односно им должат 18 плати, кои не им се исплатени од 2012 година.

-Од Нова година наваму имаме земено само околу 20.000 денари, паушално или линеарно не знам како да кажам, во просек значи доаѓа по 4-5.000 денари месечно, вели Богдановски.