понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Вработените во Еурокомпозит: Анѓушев се изживува со нас, тргнати се по митинзи и не сака да не прими на средба

Вработените во Еурокомпозит: Анѓушев се изживува со нас, тргнати се по митинзи и не сака да не прими на средба

Вработените во Еурокомпозит остануваат пред Владата се додека не се решат проблемите на комбинатот. Тие денеска се обидоа да ја блокираат Илинденска се со цел да извршат притисок и да се сретната со вицепремиерот Кочо Анѓушев. Но, од страна на владата им било посочено дека поради малиот број нема да можат да го сторат тоа.

-Еве побравме барем две минути да не прими господинот вицепремиер се изживува, се изживува со нас. Сега се тргнати по митинзи а митинзите нели после 17 часот, до 16 часот се на работа. Ние не отстапуваме одовде не си одиме ако треба двајца ќе останеме нека не гледа остануваме овдека, вели еден од вработените во Еврокомпозит.

Од страна на кабинетот на Анѓушев велат дека кога тој ќе бил н работното место во Владата вработените ќе бидат повикани на средба со него.

Работниците и вчера протестираа пред владата по што беа примени на состанок но тој не вроди со плод и биле замолени до понеделник , оттаму само биле замолени до понеделник да почекаат за решение.

Работниците од Еурокомпозит веќе подолго ги бараат заостанатите 18 плати, неисплатените придонеси за речиси 7 години, како и ветената отпремнина бидејќи дел од нив доброволно прифатија да се прогласат за технолошки вишок.

Само вработените во комбинатот имаат побарувања од околу 5 милиони евра.