вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Вести

Вработените од Еурокомпозит поставија шатори пред Владата и најавија дека не заминуваат додека не се реши проблемот

Вработените од Еурокомпозит поставија шатори пред Владата и најавија дека не заминуваат додека не се реши проблемот

Вработените од Еурокомпозит од вчера почнаа да кампуваат пред Владата каде според нивните најави ќе останат се додека Владата не го реши нивниот проблем и не ги исполни нивните барања.

Од Владата вчера најавија дека ЕЛЕМ и МЕПСО ќе треба да обезбедат потребна позајмица за спас на компанијата Еурокомпозит, меѓутоа вработените велат дека досега ниту едно од ветувањата на Владата не е исполнето и дека поради се решиле на овој чекор да кампуваат пред Владата.

-Целта на нашето кампување е тоа што Владата повеќе од една година не лаже дека ќе ни го реши нашиот проблем со Еурокомпозит, а тоа е 240 вработени шест години неисплатено пензиско и здравствено осигурување и неисплатени повеќе од 18 плати, изјави Роберт Богдановски за Курир.

Тој кажа дека Владата на секој три месеци ветува дека проблемот ќе им биде решен во наредните три месеци.

-И вчера имавме таква средба со премиерот истото ни го кажуваат, дека во наредните четири месеци ќе ни го решаваат проблемот. Ние за цела година имаме во просек добиено некаде околу 5.000 денари месечно, изјави Богдановски.

Благоја Ристески, уште еден од вработените за Курир кажа дека Владата има обврска да го реши проблемот на вработените на Еурокомпозите, дека треба да е служба на народот. Според него ветувањата кои ги имале од премиерот и Владата досега биле лажни.

-И минатиот пат кога бевме тука ни ветија, ни дадоа по 5.000, по 7.000, отидовме таму, пак ништо, изјави Ристески.

„Еурокомпозит“ има 260 вработени. За планираната продажба на прилепската фабрика, за која според Владата има интерес од инвеститори, се прават потребните процени. За таа намена е објавен тендер за избор на консултант.

ФОТО: Курир