петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Вработените од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Штип работеле без претходно направен корона тест?!

Вработените од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Штип работеле без претходно направен корона тест?!

Корона вирусот влезе и во штипскиот Дневен центар за лица со интелектуална или физичка попреченост. Заразена е медицинската сестра, а во изолација веднаш се ставени седум корисници и четворица вработени.

Симптомите на вработена се појавиле во четвртокот. Директорката на Центарот за социјални работи, Златка Иванова вели дека вработените постојано работеле со визири, ракавици и маски, а поради блискиот контакт поради хигена или хранење на корисниците, висок е ризокот за пренесување на вирусот. Тука главно прашање е дали воопшто вработените биле тестирани пред да се отвори Центарот за лица со посебни потреби, бидејќи истиот почна да работи пред само 8 дена. Знаејќи од праксата во изминатите месеци дека симптомите се развиваат од 5-7 денови, тогаш логично е дека вработените не биле тестирани пред отварањето на Центарот.

Седуммина штитеници се веќе во самоизолација, додека пак сеуште се чека на резултатите и на другите кои биле во контакт со вработените кои се позитивни на корона вирусот.

Во време на пандемија од размери како оваа која веќе 10 месеци владее во светот, ништо не смее да се остави на случајност, особено не кога се работи за лица кои и онака имаат одредени потешкотии во секојдневното функционирање, реагира јавноста на социјалните мрежи.

Коронавирус