среда, 2. декември 2020. Вести денес: 164
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Вработените на Охис пред Влада:1200 вработени си ги бараат 24-те плати

Вработените на Охис пред Влада:1200 вработени си ги бараат 24-те плати

Доста им е од лажни ветувања. Вработените на „Охис“ и денес излегоа пред македонската Влада.

Тие го искажуваат своето незадоволство и се чувствуваат изманипулирани од првите луѓе на Владата кои им ветуваа решение, а нема ништо од тоа.

Вкупно 1200 вработени, гласно си го бараат само тоа што е нивно и заработено.

Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на АД Охис да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон” АД Охис, се вели во владиното соопштение.

ФОТО+ВИДЕО ТВ21

Коронавирус