петок, 7. мај 2021. Вести денес: 65
home Вести

Вработени во „Еурокомпозит“ го блокираа патот Прикеп – Градско

Вработени во „Еурокомпозит“ го блокираа патот Прикеп – Градско

Со тричасовна блокада на патниот правец Прилеп-Градско на излезот од Прилеп, вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ и денеска, втор ден по ред, протестираа барајќи исплата на плата, според договорот со Владата.

Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, од исплатата на првата плата поминале повеќе од месец и половина, а за наредна, според најавите треба да чекаат барем уште еден месец додека се назначи нов директор.

– Досега, веќе втор ден, никој ни се нема јавено, а ние сме решени да протестираме. Денеска на протест сме три часа, еден повеќе од вчера. Синдиактот веќе размислува да поднесеме сите колективни откази и да појдеме пред Владата, па да се пријавуваме како невработени. Нека ни кажат, ако не им треба оваа фабрика, тогаш да си го бараме чарето, вели Богданоски.

(Миа)

Коронавирус