петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 131
home Вести

Вработен во МВР со служениот џип на одмор во Грција, се истражува случајот

Вработен во МВР со служениот џип на одмор во Грција, се истражува случајот

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата на редакцијата на НетПрес дека во Грција е забележано луксузно теренско возило кое е сопственост на Министерството за внатрешни работи, но кое што се користи во приватни цели.

НетПрес објави фотографии и видео од Грција од теренецот „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” кој во моментов го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.

-Возилото за кое информиравте е сопственост на МВР, и е возено од службено лице вработено во министерството. За користењето на службеното возило ќе бидат известени соодветни органи во структурата на министерството кои ќе го истражат случајот, а за резултатите од истрагата ќе бидете навремено информирани, одговорија од МВР за порталот.

Претходната вест прочитајте ја тука- „НетПрес“: Џип на МВР со четири девојки лета по грчките патиша? (ФОТО+ВИДЕО).

Коронавирус