вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 82
home Вести

Возилата само со зимска опрема на патот до Попова Шапка

Возилата само со зимска опрема на патот до Попова Шапка

Забрана за движење на тешки товарни и за патнички возила без зимска опрема е воведена изутрина во 8:20 часот на патот до Попова Шапка, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Поради интензивните врнежи од снег претходно се воведена забрани за движење на камиони и на регионалниот пат Дебар-Маврово, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива отежнато по влажни коловози. Снег врне кај Страцин, на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Попова Шапка, Пресека и во Смојмирово.

Коронавирус