сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Возете внимателно: Видливост од 50 метри на Плетвар, Пресека и Шапка

Возете внимателно: Видливост од 50 метри на Плетвар, Пресека и Шапка

Намалена видливост, поради појава на магла, од 50 до 100 метри има на Попова Шапка и на планинските премини Пресека и Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Маврово и планинските премини Пресека и Стража.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус