четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Возете внимателно: Слаб снег на Шапка, на Стража магла до 50 метри видливост

Возете внимателно: Слаб снег на Шапка, на Стража магла до 50 метри видливост

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но без проблеми во одвивањета на сообраќајот.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена на 50 – 70 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести

Коронавирус