понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 102
home Вести

Возете внимателно: Ова е состојбата на патиштата низ Македонија

Возете внимателно: Ова е состојбата на патиштата низ Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА:Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородицаи ГП Табановце кадевремето на чекање за излез од државата е од 15 до 30минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово –Велес, Маврово –Дебар –Струга, Виница –Берово и Кочани –Делчево.ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07.до 31.08.надржавните патишта, со којсе забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони,за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.Временските интервали се следни:петок:17:00 –22:00 часот,сабота:09:00 –18:00 часоти недела:09:00 –22:00 часот.Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2:Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје–Охрид-Скопјесо кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.Временските интервали се следни:петок:15:00 –22:00 часот,сабота:07:00 –12:00и 18:00 –24:00 часот и недела:07:00 –22:00 часот.Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

РАБОТИ НА ПАТ: Oд 31.07.2019 се почнува со изработка на прв слој асфалт на патен правец Лот2 Драчево-Орешани. Како алтернатова ќе се користи патот низ Стденичани, скренувањата ќе бидат кај Бајота маркет на крај на нас.Драчево во правец кон Студеничани и кај Фурната во Стденичани во правец на нас.Драчево.Ј.П.Македонија Пат известувадека поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање) на регионалниот патен правец Р2344, населба Чашка –с. Голозинци, од 26.06.2019год. (среда) сообраќајот ќе биде во прекин секој ден,освен во недела,од 10 –16 часот во наредните два месеци.Страбаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип–Радовиш.Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево-Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.Виадукт трејдизвестува дека од22.05.2019се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес-Штипприпоставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на старатанаплатна станица Градско,во период од 20.05.2019 до 17.08.2019на магистралниот пат А1, делница Велес –Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово –Дебаркај с.Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставеносоодветна сообраќајна сигнализација.Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;-наплатна станица Гевгелијаво периодод 18.03.2019 до 18.09.2019(делница Демир Капија-Гевгелија)-наплатна станица Демир Капијаво период од 11.04.2019 до18.09.2019 (делница Неготино-Гевгелија)Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље –Стругаќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово -Свети НиколеЛ=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино –Лакавицасе извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с.Пепелиште –Криволакза возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.Г.П. Илинден –Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Р1208 Охрид –Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел –Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај на потег од бензинска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с.Вруток, Општина Гостивар.Страбагврши целосна реконструкција на патниот правец Тетово-Попова Шапка,којаќе трае докрајот на 2019 годina.