вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 175
home Вести

Возете внимателно: Намалена видливост од 50 до 100 метри на Плетвар

Возете внимателно: Намалена видливост од 50 до 100 метри на Плетвар

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, информираат од ЈП Македонија пат.

Слаб снег провејува во Охрид,Струга, Ресен и на планинските превои Буково и Ѓавато.

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се се уште на сила.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурни служби на ЈП Македонија пат.

Најнови вести

Коронавирус