сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 23
home Вести

Возете внимателно: Намалена видливост од 50 до 100 метри на овој патен правец

Возете внимателно: Намалена видливост од 50 до 100 метри на овој патен правец

Намалена видливост подари појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Страцин – Крива Паланка и до 100 метри во Кичево.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.