среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Возете внимателно на делницата Фаришка клисура – Прилеп, се мери патот

Возете внимателно на делницата Фаришка клисура – Прилеп, се мери патот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Се известуваат возачите кои ќе го користат државниот пат А1, делница Фаришка клисура – Прилеп, дека на ден 13.09.2019 година, ве период од 10:00 до 17:00 часот: ќе се вршат мерења на патот од страна на специјално мерно возило, сопственост на Јавно претпријатие за државни патишта. Мерењето се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.