четврток, 22. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Магла во Тетово, Битола, Прилеп и Ресен

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Магла во Тетово, Битола, Прилеп и Ресен

Намалена видливост до 150 метри поради магла има во Битола, Прилеп и Ресен, додека во Тетово видливоста е 50 метри, информираат од ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината, а информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Коронавирус