понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Возете внимателно: Магла на патните правци Катланово-Велес, Неготино, Демир Капија и Струга

Возете внимателно: Магла на патните правци Катланово-Велес, Неготино, Демир Капија и Струга

Намалена видливост од 100 до 150 метри поради магла има на патниот правец Катланово-Велес, Неготино, Демир Капија и Струга, информираат од ЈП Македонија пат.

Оттаму додаваат и дека на повисоките и осојничави места коловозите се наместа  влажни, а на одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно  по суви коловози.

Од ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Коронавирус