понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Возете внимателно: Има магла на овие патни правци

Возете внимателно: Има магла на овие патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре, Павлешници, Штип, Велес, Кула- Катланово и видливост до 100 метри има кај Страцин, Струга, Крива Паланка, Тетово и Гостивар, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на патиштата се одвива тековно по претежно влажни коловози.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.