понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 102
home Вести

Возете внимателно: Густа магла, намалена видливост до 30 метри кај Охрид

Возете внимателно: Густа магла, намалена видливост до 30 метри кај Охрид

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 м и Охрид до 30м

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 30.12.2019 реконструкцијата на мостот на Вардар кај с. Пепелиште на патниот правец Неготино – Лакавица е завршена. Сообраќајот се одвива нормално за сите видови на возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус