вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 135
home Вести

Возеле пијани, брзо и без возачка дозвола: 257 санкционирани возачи во Скопје

Возеле пијани, брзо и без возачка дозвола: 257 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 257 мерки, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 23 санкции за непочитување на брзината на движење, 20 за управување под дејство на алкохол, 8 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 8 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 18 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас, 57 за непрописно паркирање и 4 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

ЕУРО 2020

Македонија