среда, 2. декември 2020. Вести денес: 171
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Воздушно струење ќе донесе песок и прашина од Сахара- метеоролозите со нови најави за времето

Воздушно струење ќе донесе песок и прашина од Сахара- метеоролозите со нови најави за времето

Во текот на следната недела нашата територија но и поголем дел од Европскиот Континент ќе бидат под влијание на силно југозападно воздушно струење кое од Сахара кон Европа ќе донесе прашина и на песок. Сепак и покрај ова атмосферата нема да биде во целост стабилна, па ќе има услови и за локално дестабилизирање и врнежи и тоа особено во текот на ноќта понеделник кон вторник, но и во вторник.

Услови за локален, слаб и краткотраен дожд ќе има и за време на овој викенд, но ќе има и сончеви периоди.

Од средината на наредната недела ќе има и позначителен пораст на температурите на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат и над 20 степени а во најтоплите предели од државава и над 25 степени. Сето ова секако ќе биде и проследено со ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено ќе биде засилен по интензитет.

Ваквата временска состојба ќе услови значително неповолни биометеоролошки услови па така кај поголем број граѓани можни се мачнини и појава на здравствени проблеми, особено кај метеопатите.

Коронавирус