вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 18
home Вести

Возачот на автобусот е пуштен на домашно лекување, бил свесен цело време

Возачот на автобусот е пуштен на домашно лекување, бил свесен цело време

Истрагата за причините за големата трагедија, автобуската сообраќајна несреќа, сѐ уште трае.

Возачот на автобусот на Дурмо турс, кој изгуби контрола и се преврте во бездна, поминал со полесни телесни повреди, а како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, тој е пуштен на домашно лекување.

Премиерот Заев при посетата на повредените во ГОБ 8 Септември рече дека истрагата сѐ уште трае, а вчера се направени разговори со возачот, кој цело време бил во свесна состојба.

Се очекуваат резултати и од вештачењето на техничката исправност на автобусот.