недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Вести

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ ДЕНЕС- МВР и Црвен крст на терен, ќе се проверува познавањето на возачите за прва помош при сообраќајќи

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ ДЕНЕС- МВР и Црвен крст на терен, ќе се проверува познавањето на возачите за прва помош при сообраќајќи

По повод Светскиот ден на првата помош, 14 септември, Црвен крст на Град Скопје во соработка со МВР – СВР Скопје денеска ќе прави проверка на знаењето за прва помош на возачите при итни ситуации во случај на сообраќајни несреќи.

Екипите на Црвен крст на Град Скопје и општинските организации на територија на градот Скопје, Карпош, Чаир, Гази Баба, Центар и Кисела Вода на четири локации ќе ги сопираат возачите и ќе бараат од нив да демонстрираат прва помош. Доколку знаат, следува награда, а доколку не, ќе добијат информација за бесплатни курсеви преку кои можат да ги освежат своите знаеања. 

Централниот настан ќе биде организиран пред Порта „Македонија“, на кој ќе се обрати и министерот за здравство Венко Филипче. На настанот ќе бидат соопштени и резултатите од кампањата што Црвениот крст ја реализира во изминатите два месеци  „Твоето незнаење чини живот“.

Во истовреме на оваа локација пред Порта „Македонија“, како и пред Трговскиот центар „Бисер“, „Сити мол“, како и на раскрсницата пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, ќе се вршат проверките на знаењето на возачите за прва помош при итни ситуации во случај на сообраќајна несреќа.