четврток, 22. август 2019. Вести денес: 136
home Вести

Воведена забрана за камиони на патниот правец Дебар-Струга

Воведена забрана за камиони на патниот правец Дебар-Струга

Од превентивни причини денеска во 16:30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Дебар – Струга.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Граѓаните подетални информации можат да добијат на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или да ја посетат веб-страница  www.makedonijapat.com.mk 

МИА