среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 72
home Вести

Вооружени полицајци го сопреле пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ- во знак на револт Манојлоски ја напушти седницата на Комисијата за труд и социјална политика

Вооружени полицајци го сопреле пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ- во знак на револт Манојлоски ја напушти седницата на Комисијата за труд и социјална политика

Заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.

Имено, Манојлоски рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото.

Тој рече дека нема да се враќа на работа во собраниските комисии додека не добие официјално известување од страна на министерот за внатрешни работи или МВР во врска со настанот.

Инаку заради грабежот во НЛБ Тутунска Банка во Сарај бил претресен токму пратеникот на кој полицијата му го претресувала автомобилот како најголем криминалец, додека полицијата не му верувала дека станува збор за пратеник кој уредно се легитимирал.