среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 191
home Вести

ВОНРЕДНИ ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА: Хасан Рохани, првиот човек на Иран, конечно примен од страна на Дане Талески

ВОНРЕДНИ ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА: Хасан Рохани, првиот човек на Иран, конечно примен од страна на Дане Талески

Денеска е 10 февруари 2020 год а вие сте на Канал 5 ТВ во „Вонредните вести“.

Иако помина еден месец од нападот на Иранците врз американските бази во Ирак, и заканата на нашиот иден амбасадор Дане Талески, притисоците врз земјава не стивнуваат .
Да потсетиме,  на 8ми Јануари, Дане Талески во едно интервју  индиректно и се закани на Исламската Република Иран, изјавувајќи дека на Иран не му е баш паметно да ги напаѓаат Американците во стилот „Воопшто не е добро кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на Maкедонија, САД“.

После оваа екстремно храбра и полна со национален дигнитет изјава, следуваше координација на Талески со Вашингтон, по што  следуваше и изјава на претседателот Трамп, во кој нагласи дека е добро што Иран почнал да ретерира, што меѓу редови се насети дека и Трамп му одаде признание на Талески за оваа стратешки важна изјава.
Но проблемите за Македонија започнуваат од наредниот ден. Нашите информации велат дека цел месец, лидерот на Иран , Хасан Рохани, барал средба со Дане Талески во Скопје, при што сакал лично да му предаде „хард копи“ од дипломатската нота со извинување.

Нашиот иден амбасадор во НАТО, долг период одбиваше да го прими претседателот на Иран, иако Македонија трпеше сериозни притисоци од Бугарија, Франција и Велика Британија, кои го убедуваа Талески дека сепак е време да им прости на Иранците.

Денес во Владата на Македонија конечно се одржа таа средба , а Рохани беше примен лично од Талески кој му повтори на иранскиот лидер дека треба да прекинат со заканите кон нашиот стратешки партнер , САД.

Хасани пак му ја предаде дипломатската нота за извинувањето , преведена на македонски јазик според уставот на Македонија, и албански јазик, и притоа изјави дека во знак на почит на ликот и делото на Талески, иранското Собрание познато како Миџлас, одлучило една нивна воена база да биде именувана според името на Талески, нормално преведена на англиски јазик.

Во ексклузивна изјава за Канал 5 ТВ, Рохани потврди дека базата Хаџиабад , од утре официјално ќе го носи името YesNo Base, што е уште една потврда за силната и принципиелна дипломатска позиција на идниот наш амбасадор во НАТО, Дане Талески.

Останете со Канал 5
( текстот е фикција/козерија )

Извор: Канал 5

Коронавирус