петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Водство на Мисајловски и Силјановска Давкова пред Димитров и Спасовски

Водство на Мисајловски и Силјановска Давкова пред Димитров и Спасовски

Во 5 изборни единици води ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета на институт БИПС.

Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи) кој се занимава со анализи и истражувања за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 16.06.2020 – 19.06.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.

Во Изборна единица 1, според анкетата, водство има носителката на листа на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Таа има доверба од 25,9% од испитаниците. Нејзиниот противкандидат Никола Димитров од СДСМ има 21,7% поддршка.

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство пред  Оливер Спасовски од СДСМ.

Испитаниците од втората изборна единица најмногу му веруваат на Мисајловски, со 21,9%, а за Спасовски се изјасниле 18,2%.

Коронавирус