четврток, 22. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Водостоите на реките во опаѓање

Водостоите на реките во опаѓање

Водостоите на реките Вардар кај Јегуновце и Сатеска кај Ботун се речиси тројно пониски од просекот за јануари, а на Црна Река кај Новаци повеќе од двојно. Поголемо ниво од вообичаеното имаат Црн Дрим кај Ложани и Пчиња кај Катланово, Вардар кај Демир Капија има исто со просечното, а сите останати реки пониско.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР, намалување на водостоите во однос на вчера има кај сите реки со исклучок на Црн Дрим кај Ложани каде има минимално зголемување и Крива Река кај Крива Паланка каде нивото останало исто.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на јануарскиот просек.

Коронавирус