четврток, 4. март 2021. Вести денес: 0
home Вести

Водостоите на дел од реките над јануарскиот просек

Водостоите на дел од реките над јануарскиот просек

Нивоата на поголем број од реките во земјава се над просекот за јануари, покажуваат податоците на Управата за хидро-метеоролошки работи. Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се околу јануарскиот просек, а на Дојранското езеро нивото е над просекот за овој месец.

Нивото на реката Вардар на сите четири мерни места – кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија е над нивото на јануарскиот просек. Кај Јегуновце измереното ниво е 112 сантиметри, а јануарскиот просек е 92 сантимери. На мерното место во Скопје се измерени 111 сантиметри, а просекот за јануари е 97 сантиметри. Повисоко е и нивото мерено кај Велес – 90 сантимерри, каде просекот за јануари е 82 сантиметри. Зголемено ниво има и на мерното место кај Демир Капија, каде нивото е 174, а просекот за јануари е 146 сантиметри.

Зголемено ниво има и реката Брегалница на мерно место кај Берово, каде се измерени 50 сантиметри, а таму јануарскиот просек е 25 сантиметри. Реката Струмица има повисоко ниво од јануарскиот просек на мерно место кај Сушево, но пониско ниво од просекот на мерно место Ново Село. Зголемено ниво има и реката Црн Дрим. На мерното место кај Ложани се измерени 144 сантиметри, а таму јануарскиот просек е 122 сантиметри.

Денеска водостојот на Охридското езеро е 693.28, што е близу јануарскиот просек кој изнесува 693.38. Слична е состојбата и кај Преспанското езеро каде 842.41, а просекот за јануари е 843.78. Зголемување на водостојот има кај Дојранското езеро и тој изнесува 147.00, за разлика од јануарскиот просек кој изнесува 143.99.

Коронавирус